Родителите им останаа мртви на место: Познатата актерка и нејзината сестра се борат за живот
Џесика Фалкхолт која е позната на публиката по серијата „Black mirror” и нејзината сестра Анабел моментално се наоѓаат во болнциа и докторите се борат за нивниот живот по сообрачајната несреќа во која загинаа нивните родители.
Како што пренесуваат медиумите несреќата ја предизвикал автомобил што одел во спротивен правец.
Ларс и Вивијен Фалкхолт загинале на самото место, а настрадал и маж од другото возило.
Полицијата несреќните девојки ги извлече од автомобилот во моментот кога почнал да гори.
Фалкхолт играше во серијата “Home and Away”, а неодамна го сними и филмот “Harmony” кој треба да се прикажува во кино салите од наредната година.


Comments
Post a Comment