Силен земјотрес ја разбуди Македонија утринава
Пет од нив беа почувствувани од населението во југоисточниот дел на Република Македонија, од кои најсилниот утринава во 5 часот и 25 минути со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала.
Овој земјотрес освен во Дојран, беше почувствуван и во Гевгелија, Валандово, Струмица, Кавадарци, Радовиш и Берово, а истиот предизвикал мали оштетувања на градбите во населените места, во непосредна близина на епицентарот.
Земјотрес со јачина од 5.2 степени според Рихтеровата скала ја потресе Грција во 05 часот и 24 минути наутро. Ударот е на околу 10 км источно од Стар Дојран на грчка територија.
Послаб земјотрес од 3,7 степени според Рихтеровата скала, беше регистриран во истото епицентрално подрачје во 23 часот и 13 минути.
По овој земјотрес следеа уште три помали, и тоа, земјотрес од 3,1 степен во истата минута, понатаму во 23 часот и 16 минути земјотрес од 3,3 степени, а три минути подоцна беше регистриран и земјотрес од 2,9 степени според рихтеровата скала.
Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет информираат дека епицентрите се наоѓаат на 145 километри југоисточно од Скопје.

Comments
Post a Comment