Гаѓал девојка со шишиња и чаши зашто не му се допаднала песната


На новогодишната прослава во кривопаланечки локал, незадоволен гостин фрлал шишиња и чаши кон девојката која пуштала музика, извести во средата министерството за внатрешни работи.
Дваесет и четиригодишната Е.С. пријавила дека вечерта на дочекот на Нова година во угостителски објект во Крива Паланка, каде што пуштала музика, 24-годишниот А.Н. од селото Опила започнал да фрла со шишиња и чаши кон неа, затоа што не му се допаднала песната што ја пуштила.
Екипа на Полициската станица Крива Паланка излегла на местото на настанот, и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, се наведува во билтенот на МВР.

Comments

Popular posts from this blog

Додека ја породувале жената, докторите случајно му ја скинале главата на нејзиното бебе

ФОТО: Бизарни и шокантни несреќни судбини на Македонци во странство

(ВИДЕО)Огњен Амиџиќ сред емисија ја пушти секс сцената пред Јана од “Сенки над Балканот”, а потоа пееја заедно со Ивица Дачиќ